Често поставувани прашања

Посетете го следниот линк: https://prodavnica.shtrk.mk/regis-
tracija-prodavac/.

Во полето емаил, напишете го емаилот на кој сакате да ви
стигаат нарачките.

Во полето “Име на продавница” го внесувате името на вашата
виртуелна продавница.|

Името може да биде вашето име, името на вашето дете/деца или било што креативно.

Името на продавницата е видливо за вашите идни купувачи.

Во полето “лозинка” внесете безбедна лозинка која ќе ја користите за влегување во вашиот профил.

Во полето “потврди лозинка” повторно внесете ја истата лозинка од полето погоре.

Вашиот профил како продавач е креиран! Среќно продавање!

Во делот “мој профил” одберете “моја продавница”. Добредојдовте во “работната табла” на вашата продавница. Од тука можете да поставите продукт, да ги прегледате вашите нарачки и да го ажурирате вашиот профил и продавница.

Во “моја продавница” од левата страна имате вертикално мени. Одберете “продукти” и притиснете “додади”. Пополнете ги полињата соодветно, додадете фотографија од продуктот во полето со фотографиja и изберете категорија во која припаѓа вашиот продукт.
За поголема прегледност, ви препорачуваме да поставите квалитетна фотографија од продуктот и да дадете опис на истиот. Притиснете “испрати”.
Честито, вашиот продукт е објавен на Штрк!

При нарачка, купувачот е задолжен да остави основни информации кои ќе ги добиете на емаил како и во делот известувања (и нарачки) на работната табла на вашата продавница.
Со овие информации, вие одлучувате како ќе го контактирате купувачот (во зависност од приложените контакт информации од страна на купувачот)

Вие одлучувате како ќе ја направите размената. Може да биде преку карго од ваш избор, лично или на друг префериран начин.

Објавувањето продукти на Штрк е целосно бесплатно.

Почетна Продавница 0 Кошничка Профил 0 Омилени
Кошничка(0)

Немате додадено продукти Немате додадено продукти