Количка со алуминиумска рамка и 4 амортизери на секое тркало. Транспортер за новороденото од 0 до 6 месеци, лесно се трансформира во седиште за деца од 6 до 36 месеци. Седиште за автомобил погодно за деца до 13 килограми, група 0+. Количката е наменета за деца со тежина до 15кг. Висината на рачката се регулира според висината на родителот.
Седиштето има можност да се ротира во двата правци, кон мајката и во спротивен правец. Корпата има 3 отвори со патент, кои се практични за во лето. Тендата на количката е доста широка, за да го штити детето од сонцето.





