Квалитетно и практично детско креветче од Mothercare, во природна боја на дрво (Natural / Pine), наменето за користење од новороденче па до 5-6 години .
Карактеристики:
Изработено од природно дрво со димензии 140 × 70 cm
• Подеслива висина на подлогата за душек – овозможува повисока позиција за полесно ставање и вадење на бебето, а подоцна се спушта пониско за поголема безбедност
• Кога детето ќе порасне, креветчето може да се конвертира во детски кревет (toddler bed)
• Вклучен душек со димензии 140 × 70 cm
• Стабилна и цврста конструкција
• Дизајнирано со заоблени/безбедни рабови
• Практично решение кое расте заедно со детето
Начин на подесување:
Повисока позиција на душекот – практична за новороденче.
Пониска позиција – се користи кога бебето ќе почне самостојно да седи/се подигнува, за да се намали ризикот од паѓање.
Трансформација во детски кревет – со отстранување/промена на страничните елементи, креветчето продолжува да се користи и кога детето ќе порасне.
Душек: 140 × 70 cm



