Креветче транформер 8во1 модел OMNI BABY со два душеци – кружен и овален
15.000,00 ден
1 на залиха
Креветче за бебе, транформер 8во1, модел OMNI BABY со два душеци - кружен и овален и држач за завеса или играчка
Состав и опис на прoизводите:
Креветчето е изработено од чисто буково дрво. Кружните рамки се составуваат од 4 дела. Душекот може да се постави на 3 висински позиции (19см од под, 37см од под, 57,5см од под). Подлогата за душек има дупки за вентилација. Бојата која се користи за боење на дрвото е хипоалергена, на водена основа, полусјајна, нетоксична и безбедна за бебиња.
Надворешни димензии на составен кревет:
• Круг 78х78х85см, (90см висина со тркалца)
• Маса за повивање 73х53х85см
• Овал 78х130х85см, (90см висина со тркалца)
Состав на душеци:
Душеците се без федери, анатомски, хипоалергенски и антибактериски. Полнилото е 10 см полиуретанска пена, 5см С-25 и 5см С-30. Благодарејќи на двата слоја, може самостојно да се регулира тврдината на душеците во зависност од потребите на детето. Навлаката е изработена од органиски памук и полиестер со патент.
• Круг 73х73см
• Овал 73х125см
• Висината на душеците се 10 см
Пакетот вклучува:
• Креветче модел OMNI BABY со можност за 8 трансформации
• Два душеци: Круг 73х73см и Овал 73х125см
• Една полица во масата за повивање, која подоцна се користи за дополнување на спално место за трансформација во овал
• Држач за завеса или играчка - Се користи за заштитна завеса од тул или играчка. Димензии: 85x30x2см
Вклучувајќи ги сите транформации, со купување на креветче добивате производ кои се користи од 0 до 4-5 години и 20 килограми.
• Целата продукција е сертифицирана по највисоки стандарди
• Монтажата се врши самостојно, по упатство
Shipping Policy
Сите нарачки ги пакувам со љубов и ги испраќам во рок од 1 до 2 работни дена преку брза пошта (карго) по ваш избор. Трошоците за достава се на товар на купувачот и се плаќаат при подигнување на пратката. За поголеми нарачки (повеќе парчиња одеднаш), можен е договор за заедничко покривање на трошоците или бесплатен транспорт низ Скопје.
Refund Policy
Бидејќи станува збор за користени приватни детски работи, повраток на средства (рефундирање) генерално не е можен. Сепак, мојата цел е да бидете целосно задоволни! Доколку ненамерно сум пропуштила некаква мана или оштетување на производот што не е наведено во описот, ве молам контактирајте ме веднаш по примањето на пратката за да најдеме заедничко решение.
Cancellation / Return / Exchange Policy
Откажување: Можете да ја откажете нарачката во секое време пред пратката да биде предадена во карго службата.
Замена и враќање: Поради природата на продажбата (секоја работа е уникатно парче од моите дечиња), не нудам опција за замена или враќање доколку големината не ви одговара. Ве молам слободно побарајте дополнителни димензии или слики во порака пред да нарачате – тука сум да помогнам!
General Enquiries
There are no enquiries yet.


